Голем пожар во близина на пристаништето во Анкона

Во близина на пристаништето на италијанскиот град Анкона синоќа изби пожар, во кој нема повредени луѓе, објави Бета. Пожарот изби 30 минути по полноќ и зафати неколку магацини. За гаснење на огнот беа ангажирани 16 противпожарни екипи.