Тачи: Со Палмер разговаравме за достигнувањата на Косово

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Косовскиот претседател Хашим Тачи по денешната средба во неговиот кабинет со специјалниот пратеник на државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) за Западен Балкан, Метју Палмер, објави дека со гостинот разговарал за „достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажа на последните избори”.

Преку социјалната мрежа „Фејсбук“, Тачи ја нагласи посветеноста на Косово за градење на мирот во регионот.

– Со Мет Палмер, пратеникот на Стејт Департментот за Западен Балкан, разговаравме за достигнувањата на Косово, со посебен акцент на политичката зрелост која се докажа на последните избори. Косово е партнер на Соединетите Американски Држави во градењето на опстоен мир во нашето општество – напиша Тачи.

Заменик-помошникот државен секретар на САД, воедно специјален американски пратеник за регионот, Метју Палмер, попладнево во Приштина ќе се обрати на студенти и претставници на граѓанското општество.

Американскиот дипломат престојува во Косово по вчерашната еднодневна официјална посета на Северна Македонија.

Пред средбата со Тачи, Палмер во Амбасадата на САД ги прими премиерот во оставка и лидер на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, лидерот на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК), Иса Мустафа и доскорешниот претседател на косовското Собрание, лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК), Кадри Весели. Од лидерите на поголемите партии единствен кој не се сретна со Палмер е Албин Курти, за кого неговата партија, Движење Самоопределување (ВВ) соопшти дека се наоѓа надвор од земјата, во посета испланирана претходно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот