Тачи: Доцнењата нa ЕУ се повик за нови турбуленци во Западен Балкан – Слободен печат
ВестиРегион

Тачи: Доцнењата нa ЕУ се повик за нови турбуленци во Западен Балкан

Актуелната состојба помеѓу Европската Унија и Западен Балкан, Тачи ја оцени како „предизвикувачка, комплицирана и опасна“. 

Претседателот на Косово, Хашим Тачи денеска истакна дека Европската Унија „доцни и греши“ со Западен Балкан.

– Ова доцнење е повик за нови турбуленци на Балканот – рече Тачи, кој учествуваше на една конференција посветена на регионот, организирана од институтот „Friends of Europe“ со седиште во Брисел.

– Додека Европската Унија доцни со Западниот Балкан, незападните идеологи имат можност да експлодират во аспект на политичка и економска сигурност – истакна Тачи.

Актуелната состојба помеѓу Европската Унија и Западен Балкан, Тачи ја оцени како „предизвикувачка, комплицирана и опасна“.

Тој рече дека идната година ќе биде година на долгорочна стабилизација на Западен Балкан.

За да се постигне ова, рече Тачи, потребно е да се случат три работи: Визна либерализација за Косово, отворање на разговорите со Македонија и Албанија, како и постигнување договор меѓу Косово и Србија, кој ќе ги нормализира односите меѓу овие две земји.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close