Светскиот ден на борба против беснило ќе се одбележи во Парк

Под мотото „Беснилото завршува овде” денеска кај Школката во Градски парк ќе се одржи промотивно – едукативниот настан за одбележување на Светскиот ден на борба против беснило – 28 Септември.

На настанот ќе присуствува директорот на Агенција за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, како и стручни лица од Агенцијата, од Факултетот за ветеринарна медицина и претставници од ветеринарните друштва и веледрогериите, кои ќе даваат совети за здравствена заштита и исхрана на домашните миленици, со акцент на почитување на законската обврска за вакцинација на милениците против беснило и нивно идентификување и обележување со микрочип.

Најмладите, ќе творат во детското ликовно катче, а децата кои имаат миленици ќе можат да земат учество во Шоуто за домашни миленици.

Неделава, стручни лица од Агенцијата за храна и ветеринарство и Факултетот за ветеринарна медицина одржаа едукативен час за одговорно сопствеништво и опасноста и борбата против болеста беснило за стотина дечиња од детската градинка „Чекорче” и за дел од петтодделенците од Основното училиште „Браќа Миладиновци”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот