Сунак: Се уште не можеме да кажеме дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка

Риши Сунак/ Фото: Liam McBurney / PA Images / Profimedia

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека Лондон се уште не може да каже дали Русија е одговорна за уништувањето на браната Каховка на југот на Украина.

„Се уште не можам дефинитивно да го кажам тоа. Нашите разузнавачки и воени служби работат на случајот“, рече Сунак, одговарајќи на новинарско прашање.

-Но, ако е вистина, ако се покаже дека е намерно, тоа ќе биде ново ниско ниво. Тоа е ужасен чин на варварство од страна на Русија, додаде тој.

Инаку на социјалните мрежи се објавуваат видеа од експлозијата на браната Каховка која според украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко довело до поплавување на 29 градови и села долж реката Дњепар.

ВИДЕО: Над 300 животни угинаа во зоолошка градина поплавена по експлозијата на браната Каховка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот