Сугарески: За неполна година целосно ќе се смени сликата на Општина Бутел

Изградбата на канализационата мрежа во Бутел при крај, дел од инфраструктурните проекти ќе завршат пред време.

Водовод, канализациона мрежа, пат од село Бутел до Љуботен, полициска и противпожарна станица, социјални станови… Ова се само дек од инфраструктурните проекти кои во моментов се во финална фаза во општина Бутел, а врз кои денеска увид извршија министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и техничкиот премиер Оливер Спасовски.

– Изградбата на канализациската мрежа тече со засилено темпо, па можно е проектот да заврши порано. Се работеше во две фази, водоводна мрежа долга седум килмотери која наскоро ќе биде пуштена во употрба, а во тек се 5,2 километра канализациска мрежа, истакна Спасовски.

Техничкиот премиер додаде и дека поради лоша инфраструктура земјоделците имаа тешкотии во производството и пласманот. Со изградбата на патот од Бутел до Љуботен ќе се опслужат 5.000 жители. Се гради и на други патни правци во општината, во завршна фаза се многу проекти.

Министерот Сугарески дополни дека градежните работи на канализациската мрежа во Визбегово ќе завршат многу пред предвидениот рок.

Рече и дека околу 690.000 евра се планирани за локални патишта и улици во Бутел, како и дека за неполна година целосно ќе се смени сликата на Општината.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот