Сугарески најави изградба на 140 километри патишта во Пелагонискиот регион

Од август, или септември, преку ЕБОР ќе започнат да се работат седум патни правци со вкупна должина од 148 километри или инвестиција од 25 милиони евра, додава министерот за транспорт и врски.

Овој месец ќе бидат распишани тендери за седум патни правци во Пелагонискиот регион во должина од преку 140 километри во вредност од 25 милиони евра, што е потврда дека инвестициите во капиталните проекти се реализираат со големо темпо, изјави министерот за транспорт и врски Горан Сугарески во Прилеп.

Според Сугарески, има силна динамиката во реализацијата на сите проекти во инфраструктурата, како во делот на патиштата, така и во гасификацијата, железницата и комуналната мрежа.

– Од август, или септември, преку ЕБОР ќе започнат да се работат седум патни правци со вкупна должина од 148 километри или инвестиција од 25 милиони евра. Меѓу овие седум патишта е и рехабилитацијата на патот од Фариш до Прилеп, инвестиција од преку пет милиони евра, со што ќе имаме комплетно нов рехабилитиран пат од Градско до Прилеп, изјави Сугарески.

Тој нагласи дека претходно се завршени обновите на регионален пат Прилеп–Тополчани–Битола и патните правец Прилеп-Прилепско Езеро и Лагово-Штавица-Витолиште, а во завршна фаза е и обновата на патниот правец од Раец до Фариш.

– Веќе следната недела ќе се објави тендерот за изградба на канализација со пречистителна станица за населеното место Мало Коњари, додаде Сугарески.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот