Судири помеѓу демонстрантите и полицијата во Берлин

Во Берлин денеска се одржаа протести против рестриктивните мерки воведени поради Ковид-19.

За време на протестите, демонстрантите неколку пати се судрија  со полицијата.

Протестот беше организиран под мотото „Слобода и обнова на основните човекови права”.

Германската полиција соопшти дека неколку демонстрации биле забранети, а и оти биле најавени контра протести.

Во Германија летово се укинати дел од рестриктивните мерки, но граѓаните мора да носат маски на јавни места и да се придржуваат до други мерки против пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот