Судењето за предметот „Т.Н.Т“ одложено за 25 ноември

Судењето за предметот „Т.Н.Т” за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски се одложи за 25 ноември, поради полициска наредба за спроведување на обвинетиот Миле Јанакиески во ОЈО за гонење на организиран криминал за давање на исказ.

Судот на почетокот информираше дека, во однос на барањето од бранителот на обвинетата Елисавета Најдовска, адвокат Мерџан Даути за увид во списите од предметот на албански јазик, се обратил до Адвокатската комора на Северна Македонија, од каде добил одговор дека според одредбите од Законот за адвокатура, за да може да ја извршува функцијата адвокатот, меѓу другото, треба и активно да го зборува македонскиот јазик.
– По мислење на судот овој случај е класичен пример за одолговлекување на постапката и спречување на правото. Тоа е очигледно со направената промена на бранители. Евидентно е дека Димитар Дангов, Мерџан Даути и Елисавета Најдовска со направената промена имале намера за одложување или застарување на делото, изјави судијата Огнен Ставрев.
Од Адвокатската комора, исто така, го информирале Судот дека ќе отворат дисциплинска постапка против адвокатот Димитар Дангов.
Судијата Ставрев, на почетокот информираше и дека добил поднесок од јавната обвинителка Вилма Рускоска со кое се одбива како неосновано барањето на обвинетиот Тони Трајковски за изземање на обвинителот Рустеми.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми од ОЈО Куманово.

За делото обвинети се повеќе лица меѓу кои екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.

Прочитајте и...  Со гола жица крадел струја од бандера

Прочитај повеќе

Со гола жица крадел струја од бандера

Слободен печат

Маж и жена влегле во дворот на сосетката и ја нападнале

Слободен печат

Кривична против 18-годишно момче кај кого полицијата пронајде марихуана

Слободен печат

Скопјанец малтретиран во паркот во Гази Баба и во неговиот стан за долг од 4 илјади евра

Слободен печат

Две лица без дозволи поставувале банери од политички партии во Ѓорче II

Слободен печат

Потешко повреден работник на изградба на објект во Аеродром

Слободен печат

2 comments

m-r.Slobodan Dimitrovski 20/11/2019 - 07:25 at 07:25

Сите мерки се претерааа ало бе тоа судство требе да се реформира во сточарска фарма/овчарска/ а судиите не треба да бидат ни овчари бидејки не се способни и две овци да пасат брука невидена.

Reply
m-r.Slobodan Dimitrovski 20/11/2019 - 08:09 at 08:09

ТОЧНО ОДЛОЖЕН ЗА 25,12, АМА КОЈА ГОДИНА?
НИ ЗА ВРЕМЕ ТУРСКО НЕ БИЛО ТАКА НЕМА ДРЖАВА СО КОЈА МОЖЕ ДА СЕ СПОРЕДИМЕ ?

Reply

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Се удави човек во Охридско Езерo

Слободен печат

Казни за 29 граѓани и две фирми од Струмица

Горан Наумовски

Скопјанка се повредила во градски автобус

Малолетници се судриле со велосипеди на патот Велес-Градско

Охриѓанец паднал во провалија

Возач со автомобил удрил во жена, а потоа ја нападнал