Струмичкиот театар награден на фестивал во Бугарија

Фото: Фејсбук

Претставата „Животинска фарма” од Џорџ Орвел во изведба на НТ„Антон Панов” од Струмица и актерот Коста Ангов се наградени на Фестивалот на малите театарски форми што се одржа во Враца, Република Бугарија.

Жирито на Меѓународниот фестивал Нова европска театарска акција-НЕТА, наградите на струмичкиот театар му ја додели за најуспешна реализација и современ политички звук на утопискиот роман на Џорџ Орвел „Животинската фарма”, во режија на Љупчо Ѓоргиевски, додека наградата на актерот Коста Ангов му е доделена за улогата „Наполеон” во истоимената претстава.

На театарскиот фестивал во Враца учествуваа ансамбли од Бугарија и повеќе земји од Балканот и Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот