Струга Трим Лум во Подгорица брка трето квалификациско коло во Конференциската лига

фото: fcstruga.com

Актуелниот македонски фудбалски шампион Струга Трим Лум денеска напладне замина за Подгорица каде во вторник (1 јули) од 21.00 часот ќе го игра реваншот против Будуќност во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Поаѓањето беше од Струга, а „црвено-белата“ експедиција во црногорскиот град се очекува да пристигне во вечерните часови.

Во понеделник навечер, точно во 21.00 часот, играчите на Шпетим Дуро ќе го имаат единствениот официјален тренинг на стадионот во Подгорица, додека во 20.30 часот тренерот ќе се појави пред новинарите на прес конференција да ги сподели очекувањата за возвратниот дуел.

Потсетување дека на првиот меч одигран на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид нашиот претставник триумфираше со 1:0.

Победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло ќе игра со подобриот од пресметката меѓу велшкиот ТНС и Есперанж од Луксембург. Во првите 90 минути во Велс ТНС и Есперанж ремизираа со резултат 1:1. Возвратната пресметка ќе се игра исто така во вторник од 20.00 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот