Стручњаците даваат одговор: Зошто голем број вакцинирани денес имаат ковид-19?

Вакцинација во Франција
EPA-EFE/Caroline Blumberg

Многумина сакаат да го знаат токму одговорот на прашањето зошто и вакцинираните луѓе денес во голем број заболуваат од ковид-19?

Како што е наведено на веб-страницата на Наставниот завод за јавно здравје „Д-р Андрија Штампар“ во Загреб, се проценува дека сојот делта е околу 40 отсто позаразен од сојот алфа, а бидејќи сојот алфа е околу 50 отсто позаразен од оригиналната варијанта, тоа значи дека делта е двојно позаразна од т.н. див, вухански тип на вирусот. Тоа јасно го гледаме во овој четврти бран во Македонија.

За жал, најновите податоци од Јужна Африка покажуваат дека омикронот е двојно поинфективен од делта, што е причина за дополнителна загриженост.

Која е причината? Еден од факторите зошто денес се забележува поголем број на заразени луѓе со сојот омикрон е фактот дека се работи за високо заразен сој кој побрзо ги заразува луѓето, иако симптомите на болеста не мора да бидат силни. Додадете ги на тоа празниците и славите кога многу луѓе патувале и лесно е да сфатите што, всушност, се случува.

Луѓето мислат дека вакцината целосно ќе ги заштити од вирусот и инфекциите, но вакцините се направени да спречат сериозни болести и тешки симптоми, објаснила научник Луис Мански, која се занимава со истражување на вирусот на Универзитетот Минесота. Вакцините сепак добро ја одработуваат својата работа, особено кај оние кои примиле и бустер доза.
Две дози од вакцината на „Фајзер“ или „Модерна“ и една доза „Џонсон и Џонсон“ и понатаму нудат одлична заштита од сериозен исход на болеста поради инфекција со сојот омикрон. Додека споменатите вакцини и дози не се толку добри во спречувањето на продорот на сојот омикрон, бустер дозите, особено со вакцината на „Фајзер“ и „Модерна“, го зголемуваат бројот на антитела и со тоа помагаат во борбата против вирусот.

Се чини дека сојот омикрон се реплицира многу побрзо од претходните варијанти, а ако заразеното лице во себе носи големи количини на вирусот, поголема е веројатноста да зарази друго лице, особено ако тоа не е вакцинирано. Вакцинираните поединци ќе имаат поголема веројатност да имаат благи симптоми, ако воопшто се појават, бидејќи вакцината делува така што активира бројни одбрани на имунолошкиот систем, што на омикронот му го отежнува продорот во организмот.

Сите совети за заштита од вирусот не се променети, лекарите и понатаму нѐ молат да носиме маски и да избегнуваме големи собири во затворен простор. Иако вакцината нема секогаш да ве заштити од вирусот, таа секако ќе ви помогне да не завршите во болница со тешки симптоми.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот