Страшна сообраќајка кај наплатна рампа во Загреб, автомобил без кочење се забил во друго возило (ВИДЕО)

Фото: Фејсбук

Полицијата во Загреб денеска објави дека 35-годишен возач на БМВ со неприлагодена брзина се забил во Шкода, чиј возач (38) го забавувал возилото кај наплатна рампа поради тоа што пред него стоело друго возило со марка Ауди, пренесува 24 сата.хр.

Откако возачот на БМВ се забил во нив, Шкодата одлетала во бетонскиот ѕид, а потоа и во двете наплатни куќички пред да удри во задниот дел од Аудито, со кое управувал 32-годишен маж.

Несреќата се случила вчера, а денеска на интернетсе појавија снимки од страшниот судир. На видеото се гледа како возачот на БМВ долетува со голема брзина и удира во возилото пред себе.

Во несреќата имало тројца повредени, а како што пренесува споменатиот хрватски медиум двајцата родители и детето биле во кома.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот