Страдате од МИГРЕНА? Еве кои витамини ви се најпотребни

Фото Профимедиа

Мигрената погодува околу 15% од вкупната светска популација, а најмногу жените. Понекогаш не помагаат дури ни најсилните аналгетици.

Иако за оваа состојба не постои лек, а не е откриена ниту главната причина што ја предизвикува, одредени промени во животниот стил може да донесат олеснување.

Симптомите се најчесто мачнини, чувствителност на светлина, звук и мириси, анксиозност, потреба за студен воздух, губење на способноста за говор на неколку секунди и трнење на екстремитетите.

Многубројните истражувања покажале дека витамините Б6 и Б12 може да помогнат во полесно контролирање на болката. Со редовно земање, може да се намали и бројот на мигрени.

Исто така, овие витамини може да се внесат и преку храната и тоа со помош на овошјето, јајцата, брокула и спанаќ, пилешко месо, компири, како и кикирики, млеко, риба и ориз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот