Столтенберг: НАТО очекува зајакнување на американско-европските врски по инаугурацијата на Џо Бајден

НАТО и Европската унија (ЕУ) се радуваат на идната соработка со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на врските со САД, нагласи синоќа генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

– Со нетрпение очекуваме да работиме со новоизбраниот претседател Џо Бајден за зајакнување на американско-европските врски во време кога се соочуваме со глобални предизвици на кои никој од нас не може да се справи самостојно, наведе генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на својот профил на Твитер по работната вечера со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ден пред инаугурацијата на американскиот претседател.

Столтенберг го покани Бајден да учествува на самитот на НАТО, за кој сè уште не е одреден датум. Мишел му предложи и на американскиот претседател да организира посебна средба за него со сите лидери на ЕУ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот