Столтенберг: НАТО и Србија се блиски партнери, во Косово сите страни да избегнуваат еднострани акции

Јенс Столтенберг
Јенс Столтенберг / Фото: EPA-EFE/KENZO TRIBOUILLARD / POOL

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг оцени дека Северноатлантската алијанса е долгорочен и близок партнер со Србија, а кога станува збор за Косово, порача дека сите страни мора да останат смирени и да избегнуваат еднострани дејствија, јави дописникот на МИА од Белград.

„НАТО и Србија се блиски и долгогодишни партнери. Нашето партнерство се заснова на политички дијалог и практична соработка, со целосно почитување на државната политика на воена неутралност на Србија. Нашиот политички дијалог се манифестира на различни начини. Ова ги вклучува моите контакти со претседателот Александар Вучиќ и другите политички лидери и редовните интеракции со моите српски колеги, меѓу кои се и мојот заменик помошник за политички прашања и безбедносна политика и шефот на Канцеларијата за воени врски на НАТО во Белград“, објасни Столтенберг во интервјуто за подгорички „Вјести“, додавајќи дека ова ги вклучува добро воспоставените односи меѓу командантот на КФОР и началникот на Генералштабот на Србија.

Кога станува збор за Косово, Столтенберг рече дека дијалогот меѓу Белград и Приштина е клучен за зачувување на мирот и безбедноста.

„Неодамна разговарав со политичките лидери во Приштина и Белград за тензиите на северот на Косово. Сите страни мора да останат смирени, да избегнуваат еднострани дејствија и конструктивно да се вклучат во дијалог со посредство на Европската унија. Во согласност со својот мандат во ОН, мисијата КФОР внимателно ја следи ситуацијата и е подготвена да интервенира доколку е загрозена стабилноста. Нашата мисија е посветена на обезбедување безбедна средина и слобода на движењето за сите луѓе во Косово. НАТО продолжува целосно да го поддржува дијалогот со посредство на ЕУ и ги повикуваме сите страни да продолжат со преговорите. Тоа е клучно за регионалниот мир и безбедност“, оцени Столтенберг за „Вијести”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот