Столтенберг: Алијансата останува посветена на контролата на вооружување

Столтенберг посочи и дека министрите ќе разговараат и за зголемување на трошоците за воените потреби.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави оти Алијансата ќе остане целосно посветена на контролата на вооружување и разоружвање, додека подготвува одговор на руското распоредување ракети 9М729.

– НАТО беше единствен во однос на руското кршење на Договорот за контрола на ракетите со среден дострел. Ќе разговараме за одговорот на зголемувањето на бројот на руски конвенционални и нуклеарни ракети, посочи Столтенберг отворајќи го состанокот на министри за одбрана на земјите-членки во Брисел.

Тој потсети дека Алијансата во јуни минатата година усогласи балансиран и дефанзивен пакет мерки за да одговори на распоредувањето на руските ракети, а оти денеска ќе го разгледува целиот опсег на руски ракети со краток и среден дострел.

Столтенберг посочи и дека министрите ќе разговараат и за зголемување на трошоците за воените потреби.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот