Стојоски: Предизвикот е голем, имам голема чест да настапувам под македонското знаме

Јован Стојоски/ Фото: EPA-EFE/SRDJAN SUKI

Јован Стојоски веќе е во Токио, македонскиот атлетичар со нетрпение го очекува својот деби настап на едни Олимписки Игри, сонот на секоја спортист.

Стојоски на Летните олимписки игри ќе настапи на трката на 400 метри која е закажана за 1 август, во 3:45 часот по средноевропско време.

Тој ги користи последните денови за максимална подготовка за најголемиот предизвик во неговата кариера:

– Задоволен сум од подготовките кои што ги одработив. За Токио се подготвував две години. Олимписките игри се сон за секој спортист, голем предизвик. За мотивот не треба да се зборувам премногу. Предизвикот е голем, имам голема чест, да настапувам под македонското знаме, тоа ми дава обврска да дадам се од себе. Никогаш не сум се штедел, вака ќе биде и на трката. Сакам да ја направам Македонија горда.

Конкуренцијата ќе биде голема, но тоа го прави чувството посебно. Имам искуство на другите натпреварувања, се надевам дека ќе успеам да остварам резултат за почит – вели Стојоски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот