Стојаноска: ВМРО-ДПМНЕ ќе обезбеди вработување на повеќе од 50 илјади млади луѓе (ВИДЕО)

Дафина Стојаноска, носител на ИЕ 6 оствари постета во cелата Милетино и Блаце во општина Брвеница каде посочи дека луѓето овде се пожалиле дека голем број на млади им се иселиле во странство. Но, за Стојаноска проблем е и тоа што младите кои не се иселени во странство се оставени на маргините на општествениот развој.

-ВМРО-ДПМНЕ како партија која што ќе ја формира новата влада на Република Македонија е свесна за сериозноста на овие проблеми и затоа се обврзува дека ќе обезбеди услови за вработување на повеќе од 50 000 млади луѓе во текот на нашиот четири годишен мандат. Понатаму преку современ студенстки и ученички стандарт ќе обезбеди да младите да конкурираат рамноправно на пазарот на трудот, ќе направи активно учество на пазарот на трудот, ќе направи активно учество на младите во носењето на одлуките и ќе направи спорт и култура по нивна мерка, истакна Стојаноска.

Таа порача дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува и ќе донесе како повеќе за сите така повеќе и за младите во Република Македонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот