Стивен Џерард ќе му биде тренер на Дарко Велковски во Саудиска Арабија

фото: EPA-EFE/PETER KLAUNZER

Како што и се најавуваше во изминатиот период, тоа денеска доби потврда, нов тренер на Ал-Етифак е славниот англиски фудбалер Стивен Џерард.

Во редовите на Ал-Етифак од Саудиска Арабија настапува македонскиот репрезентативец Дарко Велковски (28) кој минатата сезона запиша 15 настапи.

Ова е прва тренерска работа за 43-годишниот Џерард откако беше отпуштен од премиерлигашот Астон Вила минатиот октомври по серијата од само две победи од 12 натпревари.

Англичанецот се надева дека ќе има успешни резултати со Ал-Етифак кој заврши на седмото место лани во лигата на Саудиска Арабија со 10 победи од 30 натпревари.

Ал-Етифак двапати беше шампион на таа земја, последен пат ја вкуси титулата во сезоната 1986/87.

Џерард го водеше и Ренџерс помеѓу 2018 и 2021 година, водејќи го тимот од Глазгов до титулата во шкотската Премиерлига во сезоната 2020/21.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот