Стевче Дечев избран за претседател на Општинската организација на ДОМ во Велес

Во Велес денеска се одржа Изборно собрание на Општинската организација на ДОМ Демократска обнова на Македонија – партија на Европските зелени, на која за претседател едногласно беше избран Стевче Дечев, правник и долгогодишен активост во невладиниот сектор.

Изборното собрание во Велес беше со почитување на организаторите на сите протоколарни мерки за заштита од Ковид-19. Со тоа дел од присутните беа присутни во салата, дел преку интернет. За потпретседател на ОО на ДОМ Велес избран е Дарко Стојанов, за секретар Лидија Митревска, додека за претседател на Младинската организација МОДОМ Велес е избран Филип Ајдаров. За претседателка на Форумот на жени Велес, Весна Дуева.

На денешното Изборно Собрание на ОО ДОМ Велес, беа избрани членовите на Општинскиот одбор, Членовите на Извршниот одбор и Надзорниот одбор

Работата на Општинската организација на ДОМ Велес во наредниот перид ќе се фокусира на петнаесетина горливи проблеми  како  главен  приоритет  на еко и зелените проблематики во Велес, и нивни поскоро решавање информира за МИА, Стевче Дечев.
-Во Велес постојат 15-тина горливи еко проблеми, како проблемот со депонијата, загадувањето од каменоломите, еко хавариите од индустриски капацитети во Велес и Велешко, потребата од итно номинирање на државен и локален инспекторат за животна средина, санацијата на згурата од Топилницата која сме среќни што започна, неподносливиот мирис од фармите во близина на населените места. Потребата од масовно пошумување на велешкото Езеро Младост и околината на Велес кои се дел од предвидените фокус точки на Зелениот Тим во Велес и кои ќе ги имаме високо во агендата на свое дејствување, најави  Дечев.

Тој информира дека Општинската организација на ДОМ Велес ќе даде свој конструктивен придонес и поддршка во заложбите на градоначалникот и Советот на Општина Велес во спроведувањето на проектот Смарт Езеро „Младост”, велосипедска патека во градот, реконструирање на Градскиот Парк и други зелени површини, како и имплементација на Зелениот Европски Договор во локални рамки.

Инаку, на денешното Изборно собрание пред присутните најнапред се обрати Маја Морачанин  претседателката на ДОМ и пратеничка во Собранието, која даде јасни заложби и информации за состојбата во државата, Зелената Агенда како и Европскиот Зелен Договор.
Свое обраќање имаа и Мирослав Богдановски, потпретседател на ДОМ и пратеник во националното Собрание,Љупчо Јаневски – Директор на Агенцијата за туризам на РС Македонија и Генерален Секретар на ДОМ, Александар Ѓорѓиевски – член на ИО на ДОМ и претседател на ОО на ДОМ Ѓорче Петров.
Свое обраќање до присутните преку интернет имаа и Лилјана Поповска, поранешна претседателка на ДОМ и Ана Петровска – директор  на државниот инспекторат за животна средина.
Во изјавата за МИА, Маја Морачанин претседателка на ДОМ, посакувајќи им успешна работа на избраните, потенцира дека се радува оти во Општинската органзација на ДОМ Велес се присутни многу млади ентузијасти кои сакаат да се борат за имплементрање на зелените политики на ДОМ во Велес. Таа им посака успешно реализирање на зацртани активности.
Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот