Startup Weekend по осми пат во Скопје

Techstars Startup Weekend Скопје e настан кој им дава шанса на сите млади амбициозни луѓе да ги развијат и реализираат своите бизнис идеи, и повторно ќе се одржува во Скопје.

За време на викендот 29 ноември – 1 декември во просториите на Инофеит, 50 млади креативци и иноватори ќе работат заедно на нови бизнис решенија, ќе ги развиваат и тестираат- и тоа за само 52 часа. Покрај тоа, ќе се запознаат со успешни професионалци од различни полиња кои ќе бидат нивни ментори на настанот и ќе им дадат вредни совети и насоки.

Настанот Techstars Startup Weekend е поддржан од Google for Entrepreneurs и се одржува во 150 земји ширум светот. Досега се организирани скоро 3000 настани на кои се развиени повеќе од 24.000 идеи. Македонија е дел од ова глобално движење, и оваа година, по 8-ми пат ќе се одржи Startup Weekend во Скопје.

На минатогодишниот Startup Weekend, Теодора, Олга, Стефан, Филип и Митко ја креираа апликацијата Challenger, која ги поттикнува и наградува граѓаните за нивните акции кои помагаат во борбата против загадувањето на воздухот. Со поддршката од АРНО, тие добија награда од Фондот за иновации и технолошки развој и ваучер за патување на промотивен настан во странство и планираат да ја лансираат наскоро.

Иновативната моќ и амбицијата на младите луѓе нема граници, и Challenger е само еден од многубројните докази дека се е можно на Startup Weekend.

Имено, Startup Weekend е непрофитен настан и секогаш се организира со помош на компании и индивидуалци кои сакаат да го поддржат. Оваа година, како и минатата, Startup Weekend Skopje е доброволно организиран од тимот на Solveo. До сега, настанот го поддржaле компании како Шпаркасе Банка, Македонски Телеком, UNDP, It.mk, Eвропа, Пивара Скопје, Brainster, MK Host, CEED HUB и ФИТР. Сите општествено и социјално одговорни компании кои се заинтересирани да го поддржат овогодишниот настан, и да им пружат поддршка на младите претприемачи, можат да се пријават на отворениот повик за спонзори.

А за сите кои сакаат да учествуваат, картите за учество ќе бидат достапни по промотивна цена од 14-ти октомври. За да бидете во тек со сите новитети следете ја facebook страната Startup Weekend Skopje.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот