Стартните 11 во Ереван, Македонија во нападот со Трајковски и Ристовски

Селекторот ги одбра фудбалерите за бараж натпреварот со Италија/Фото: ФФМ

Од 18.00 часот во Ереван македонската А репрезентација ќе го игра натпреварот од мундијалските квалификации против Ерменија.

Многу важен меч и за двете селекции во борбата за второто место во квалификациската група „Ј“ кое води во баражот за Светското првенство.

Нашиот селектор Благоја Милевски се одлучи за следните 11 играчи кои ќе стартуваат од првата минута:

– На голманската позиција е Димитриевски, во одбраната Алиоски, Муслиу, Д. Велковски и Костадинов. Во средниот ред Ашковски, Елмас, Барди и Чурлинов, а во нападот Трајковски и М. Ристовски.

Од клупата шанса за настап ќе чекаат Јанков, Шишковски, Тодороски, Ристевски, Серафимов, Етеми, Зајков, Атанасов, Тотре, До. Бабунски, Спировски и Миовски.

Стартните 11 на Ерменија: Јурченко, Хамбарџумјан, Тертерјан, Калисир, Хофханисјан, Удо, Мхитарјан, Барсегјан, Зеларајан, Варданјан, Бриаско.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот