ССМ бара од Арсовска службата за обезбедување да ги штити вработените во „Водовод“ од директорот

Загрижени вработени од скопскиот водовод денеска побарале помош од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ и СУТКОЗ како репрезентативен Синдикат во комуналните дејности, затоа што после јавно објавените документи дека нивниот в.д. директор Марјанчо Митовски е насилник, осудуван со затворска казна, како што велат од ССМ,  стравуваат дека може да ги нападне на нивните работни места.

Сојузот на синдикати на Македонија ја повикува и бара од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, додека трае постапката за разрешување на човекот за кој има докази дека со нож нападнал друг човек, да ја задолжи службата за обезбедување да ги обезбедува вработените во Јавното претпријатие и за предострожност да го претресува в.д. директорот поради можноста да носи ладно оружје и поради неговата психичка состојба – соопштуваат од Синдикатот.

Работниците и синдикатите прашуваат кој ќе биде одговорен доколку се случи нешто и дали градоначалничката на Град Скопје, Арсовска ја презема целокупната одговорност поради тоа што поставувањето на в.д директорот е нејзино решение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот