Српското „Движење за пресврт“: Државата не ја контролира ситуацијата со мигрантите

Мигранти / Фото: EPA-EFE/RAMIL NASIBULIN/BELTA

Зачестените физички пресметки меѓу мигрантските групи во Војводина покажуваат дека државата не ја држи ситуацијата под контрола, а неодамнешниот судир во Сомбор во кој најмалку две лица се тешко повредени, покажува дека спиралата на насилството продолжува, ја пренесува српскиот „Данас“ оценката на тамошното „Движење за пресврт“.

Од движењето истакнале и дека тоа што се поголем број мигранти се надвор од прифатните центри, во кои имаат обезбедни основни услови за живот, покажува дека државата не се занимава доволно со таа тема.
Оттаму додале и дека границите кон Македонија и кон Бугарија се неадекватно обезбедени и дека значителен број мигранти предолго за задржува во Војводина.

– На тој простор цутат трговијата со луѓе и други нелегални активности во кои се вклучени и вооружени луѓе, а јавна тајна е дека постојат и нелегални прифатни центри од кои организирани криминални групи се обидуваат да ги префрлат мигрантите преку унгарската и хрватската храница – наведуваат од „Движење за пресврт“.

Од движењето го поставиле и прашањето за трошењето на европските пари за згрижување на мигрантите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот