Српската власт ги забошотува вистинските бројки на заразени и починати од ковид-19?

Фото: ЕПА

На 12 април се починати 23 лица, додека официјално е објавено дека починале само 6.

Во Србија од 19 март до 1 април 2020 година од коронавирусот починале 632 пациенти, што е за 388 повеќе од официјалниот број за тој период кој изнесува 244, дознава Балканската истражувачка новинарска мрежа БИРН врз основа на увидот во податоците кои се дел од официјалниот државен информативен систем Ковид-19, пренесува српскиот портал Јавно.

Според БИРН, бројот на заразени во последните денови се движеше меѓу 300  и 340 на ден, што далеку ги надминува службените бројки од 97 новозаболени.

Податокот за бројот на заразени се наоѓа во табела под името „Извештај за Влада“ кој се прави врз основа на споментиот информативен систем. Табелата содржи три податоци – број на тестирани и позитивни во последните 24 часа, број на починати, кој го одбрува министерството за здравство, како и зафатеност на кревети во болниците.

Големи манипулации со бројот на заразени и починати?

Најголемата разлика во бројот на починати е забележана во Клиничкиот центар Ниш каде според службено објавените податоци починале 77 пациенти. Податоците од информативниот систем во кој БИРН имал увид покажуваат бројка од 243 прочинати, чиј резултат на тестот се означува како позитивен, што е разлика од 166 мртви.

Во КБЦ Драгиша Мишовиќ бројот на починати е намален за 55 (39 официјално, 94 во системот), КБЦ Земун официјално има 31 починати пациенти, додека во системот се наоѓаат податоци за 88 починати (разлика од 56), додека КБЦ Звездара официјално има 14, а во системот 45, вкупно 59 починати.

Во останатите болници разликите се нешто помали па во КБЦ Србија разликата е 17 пациенти (официјално 33, во базата 50), за КБЦ Крагуевац официјално се објавени 23, а во системот има 31 (разлика од 8) итн. За 29 пациенти не е наведно во која болнциа починале.

Податоците покажуваат дека бројот на смртни случаи почнува да расте кон крајот на март и дека пикот го достигнува кон средината на април и останува стабилен до крајот на месецот.

Токму последниот ден од март, како и на 1. април, на мобилните телефони на сите граѓани на Србија им стигна СМС порака во кој стоеше дека ситуацијата е драматична и дека се „приближуваат до сценариото од Италија и Шпанија“.

Српските власти повеќекратно го намалувале бројот на мртвите?

Првиот смртен случај во базата е забележан на 19 март. Најмногу смртни случаи имало во средината на април, кога во просек денвно умирале по 20 луѓе кои во базата се означени како позитивни на вирусот, покажуваат податоците од информативниот систем.

На 12 април се починати 23 лица, додека официјално е објавено дека починале само 6. Ден подоцна штабот соопшти дека починале пет пациенти, додека во системот биле 23, слично како и на 15 април кога е кажано дека починале пет, иако системот покажува дека биле 20, односно 15 повеќе.

На почетокот на мај бројот на смртни случаи е под 10, додека на 31 мај, според податоците од системот починало едно лице.

БИРН во повеќе наврати се обидел да ги контактира надлежните од Министерството за здравство, членовите од кризниот штаб, директорите на болниците и Институтот Батут за да дознае која е причината за големата разлика меѓу официјалните податоци и оние кои се наоѓаат во информативниот систем Ковид-19, како и кој одлучувал кои бројки официјално ќе ѝ се претстават на јавноста. Никој од ни не одговорил на повиците од БИРН, пренесува порталот Јавно.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот