Српската влада им препорача на своите државјани да го одложат доаѓањето во Србија

Српската влада им препорача на своите државјаните кои престојуваат во странство да ги одложат сите патувања за Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

Министерството за надворешни работи соопшти дека препораката на владата ја „дистрибуирала на сите достапни начини, преку дипломатско-конзуларните претставништва, Српската православна црква, гласилата во дијаспората”.

Во соопштението се вели дека „по воведувањето на рестриктивни мерки во многу земји, голем број српски државјани се затечени на одредени дестинации без можност за продолжување на планираното патување во Србија”, додавајќи дека станува збор за граѓани кои во странските држави се затечени на службени и туристички патувања, на третман на малигни и други сериозни заболувања, студенти.

Министерството посочува дека „сите дипломатски мисии и конзуларните претставништва вложуваат максимални напори да ги решат проблемите на граѓаните и да го организираат нивното враќање доколку тоа е потребно” и „повторно апелира до сите граѓани да не тргнуваат на пат доколку имаат можност да останат во странска земја”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот