Средба на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне”

Седница на собранието / Фото: Слободен печат

Во Кристалната сала во Собранието денеска ќе се одржи состанок на Работната група за учество во Дијалогот „Жан Моне” во полн состав.

На последната средба во рамките на „Жан Моне” процесот, што се одржа минатиот месец, се дискутираше за измена или носење нов Деловник, за усвојување закони во редовна постапка, како и за работата на комисиите и можноста за одредени измени во нивната работа.

На средбата учесниците ги разгледуваа членовите од 132 до 166 од постоечкиот Деловник на Собранието и што во случаите кога работните тела нема во рок да ги завршат работите. Беа разгледани членовите кои пропишуваат процедура за разгледување на предлог-закони во редовна постапка во прво и во второ читање и предлозите за допрецизирање на роковите во кој треба да завршат работите во работните тела и да има алтернатива ако тие не ги завршат обврските во предвидените рокови во Деловникот.

На претходната средба на Работната група не учествуваа претставници на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, како и советниците, професорите Владо Поповски и Јетон Шасивари.

Средбата се одржа откако во Извештајот на Европската комисија за оваа година, Парламентот беше повикан да ги продолжи разговорите и да ја одржи четвртата рунда разговори во рамките на „Жан Моне” процес, што се одржува со поддршка и помош од Европскиот парламент.

Првата работна средба на Дијалогот се одржаа на 1 март 2021 година, втората на 15 март 2021, третата беше во форма на работен викенд во Маврово на 7 и 8 мај 2022 година, а четвртата на 8 ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот