Средба Лајчак – Коснет: ЕУ и САД делат ист интереси за Западен Балкан

Фото: EPA-EFE/VALDRIN XHEMAJ

Специјалниот пратеник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Косово и Србија и други регионални прашања од Западен Балкан, Мирослав Лајчак вели дека ЕУ и САД делат исти интереси за овој дел од Европа.

Во објава на својата страница на Твитер по денешната средба со амбасадорот на САД во Косово Филип Коснет, Лајчак напиша дека Брисел и Вашингтон очекуваат напредок во европската перспектива на регионот.

– Мошне добар разговор со амбасадорот на САД во Косово. ЕУ и САД ги делат истите интереси за Западен Балкан. Ние сакаме да го видиме регионот како напредува и дека има вистинска европска перспектива, напиша Лајчак.

Американскиот амбасадор по средбата порача дека неговата земја и ЕУ ќе продолжат да работат на постигнувањето на заедничката цел – нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија.

– Имав добра средба со емисарот на ЕУ, Лајчак, со кого разговаравме за заедничките интереси во дијалогот кој продолжува меѓу Приштина и Белград. Вашингтонските договори го дополнуваат овој процес предводен од ЕУ. Ние ќе продолжиме да работиме заедно за да ја постигнеме заедничката цел – нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија, напиша Коснет на својот Твитер.

Лајчак допатува во Косово завчера и имаше средби со највисоките државни и политички претставници на земјата, како и со странски дипломати акредитирани во Приштина и со претставници на граѓанските организации. Денеска ќе отпатува во официјална посета на Србија, каде исто така ќе се сретне со државниот и политички врв.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот