Средба Арифи-Нуредини за подобра животна средина во Тетово – Слободен печат
ВестиМакедонија

Средба Арифи-Нуредини за подобра животна средина во Тетово

На средбата што се одржала вчера се разговарало и за актуелната изградба на пречистителни станици за отпадни води во повеќе населени места во Општината, како и за реализација на проекти со кои жителите ќе добијат пристап до чиста вода за пиење.

Повеќе тековни проекти во Општина Тетово од областа животна средина биле тема на средбата на министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини и градоначалникот на Општина Тетово, Теута Арифи.

Како што соопшти денеска МЖСПП, на средбата што се одржала вчера се разговарало и за актуелната изградба на пречистителни станици за отпадни води во повеќе населени места во Општината, како и за реализација на проекти со кои жителите ќе добијат пристап до чиста вода за пиење.

Министерот Нуредини и градоначалничката Арифи се согласиле дека ќе работат на долгорочно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Тетово, разгледувајќи повеќе мерки од Планот за чист воздух, кои се предвидени за реализација во Општината.

Состанокот беше искористен и за разговор околу отпочнување нови проекти што ќе придонесат за зајакнување на постојната блиска соработка меѓу Министерството и Општина Тетово, кои за граѓаните на Тетово ќе значат квалитативно подобрување на состојбата со животната средина, стои во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close