Србинка сподели приказна од Вухан: Луѓето се исплашени, паничат, нема настава во училиштата!

Напнатоста поради корона вирус се чувствува и во воздухот, вели Србинката А.Г. која речиси две години живее во Шангај.

Голем број медиуми вчера објавија дека властите во Шангај размислуваат да го стават градот во карантин, како што е сторено во Вухан. Иако брзо беше демантирано дека тоа воопшто се разгледува, безбедносните мерки се засилени, особено откако беше објавено дека бројот на заразени лица во градот достигна 53,  со еден смртен случај. Каква е реалната состојба во Шангај, раскажува А. Г. (28) за српскиот портал espresso.rs, која живее во оваа кинеска метропола речиси две години.

Според неа, нештата не се толку драматични колку што изгледаат на прв поглед, речиси нема паника, но напнатоста поради корона вирусот се чувствува во воздухот.

– Ситуацијата во Шангај е како некое чудно чекање. Ако порано, околу 35 проценти од луѓето носеа маски поради загадување, сега носат 90 проценти. Очигледно е дека помалку луѓе се возат со метро поради страв од зараза, па затоа и самата почнав да се возам со такси – вели соговорничката.

Во градот има недостиг од маски за лице, вели А.Г, за што сведочат бројните снимки на бескрајно долгите редови пред аптеките, што деновиве ги преплавија социјалните мрежи.

– Специјални маски што можат да ги филтрираат бактериите, а не само загадувањето, повеќе не можат да се најдат никаде во градот, буквално се разграбени. Луѓето се како репетирана пушка, затоа што сега е затишјето, а кога луѓето од провинциите кои заминаа за кинеската Нова Година ќе се вратат во градовите, шансите за ширење на заразата ќе бидат многу поголеми – вели таа.

Соговорничката работи во Кина како наставник по англиски јазик, како и голем број Срби кои заминале во најнаселената земја во светот. Иако е барана професија во Кина, деновиве нема што да се стори – корона вирусот ги откажа часовите.

– Сите часови се откажани. Многу луѓе од Србија кои работат овде како предавачи на јазици размислуваат да се вратат во Србија, затоа што како што се чини засега, поради прекин на наставата ние нема да земеме плата. Прашање е што ќе се случи следно, затоа што ова не изгледа како да ќе се реши за десет дена – вели таа.

Додава дека Србите во Шангај не паничат, „иако секогаш има исклучоци“.

– Засега се чини дека е најпаметно да се вратиме во Србија се додека не се надмине оваа ситуација, иако многу наши луѓе веќе ја напуштија Кина за да се одморат, за време на нивните празниците – вели А.Г.

Според официјалните податоци, бројот на заразени во цела Кина надмина 4.500 лица, а смртниот биланс изнесува 106 лица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот