Србија се задолжува дури 1,2 милијарди евра !

Вучиќ се задолжува

На утрешната седница на Српскиот парламент се очекува пратениците да усвојат 10 закони поврзани со одобрување кредити од домашни и странски банки. Ако законите бидат изгласани, Србија дополнително ќе се задолжи за цели 1,2 милијарди евра, објави nova.rs.

Иако Претседателот на Србија Александар Вучиќ неодамна изјави дека имале пет милијарди евра на сметка и дека и многу побогатите земји немаат толку, Србија сепак ќе земe кредити за изградба на патишта, финансирање на здравствениот сектор, изградба на нови затворски објекти, научни проекти.

Србија ќе земе заем од Меѓународната банка за обнова и развој за „развојна политика на зелен раст“ во износ од 149,9 милиони евра. Од истата институција ќе се позајмат уште 69,3 милиони евра за проектот за подобрување на управувањето со јавните финансии за зелената транзиција.

Пратениците ќе разговараат и за потврдување на договорот за заем меѓу Србија и Банката за развој на Советот на Европа. Станува збор за заем од 30 милиони евра.

Извор: nova.rs

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот