Спасовски: Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија

Почеток на изградбата на системот за наводнување Славишко поле.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и шефот на делегацијата на Европската унија во нашата земја, Самуел Жбогар денес присуствуваа на отпочнување на работите на системот за наводнување Славишко поле, општина Ранковце.
Во изјавата за медиумите, премиерот Спасовски истакна дека системот за наводнување Славишко Поле е исклучително важен проект за развојот и иднината на општина Ранковце.

-Овој проект е особено значаен затоа што е од непосреден, директен интерес на преку 1500 жители од населените места Псача, Петралица и Гиновци, од кои мнозинството од населението се занимава со земјоделство и сточарство- подвлече претседателот на Владата Спасовски.

Тој истакна дека досегашниот застарен систем за наводнување во атарот на Општината Ранковце покрива околу 40 хектари, а со овој, граѓаните на општината ќе добијат модерен систем за наводнување кој ќе обезбедува вода за наводнување за преку 200 хектари.

-Тоа значи дека со изградбата на новиот систем за наводнување, голема површина од обработливо земјиште во општината и околните села, кое во моментов е без вода, конечно ќе биде употребливо и ќе биде ставено на располагање на земјоделците. На овие наши сограѓани ќе им се овозможи да обработуваат 5 пати поголема земјоделска површина со стабилен систем за наводнување, со што ќе се создадат услови за замена на постоечките култури со некои попрофитабилни култури, со поголема додадена вредност- потенцираше премиерот Спасовски.

Воедно тој посочи дека дека придобивката од овој нов систем е одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето овде имаат традиција, на начин што ќе се почувствува за целото општество. Сепак, најважно од сè е што сега се отвораат можности за зголемување на економската стабилност на семејствата на земјоделците од овој крај.

-Земјоделството е еден од носечките столбови за развој на вкупната економија. Затоа како Влада посветуваме посебно внимание на политиките кои ги спроведуваме за овој сектор, со посебен акцент на развојни мерки и проекти за забрзан раст на оваа стратешка економска гранка. Преку ефикасно управување и инвестирање во водостопанската инфраструктура, на што Владата изминативе три години интензивно работи, ќе се овозможат доволни количини на квалитетна вода за наводнување на земјоделските површини- посочи премиерот Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот