Спасовски: За МВР борбата против корупцијата е врвен приоритет

Фото: Министерство за внатрешни работи

Борбата против корупцијата е врвен приоритет на МВР, поради што плански и насочено се интензивираа активностите. Минатата година беа откриени 124 коруптивни кривични дела, а продолжуваме со зголемена динамика во борбата против оваа појава и во 2023, напиша денеска на својот фејсбук профил министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Тој информираше дека минатата година беа откриени 124 коруптивни кривични дела, за кои кривично се пријавени 164 сторители – 158 физички и 6 правни лица, со кои била причинета материјална штета, поголема од 227 милиони денари.

Како што рече, злоупотребите на службената положба кај кои се присутни коруптивни елементи имаат најголема застапеност.

2021 година ја завршивме со над 50 отсто зголемување на откривачката функција на полицијата на кривични дела поврзани со корупцијата и спречени коруптивни дејствија во вредност од околу 149 милиони денари. И оваа година продолжуваме со зголемена динамика во борбата против оваа појава, пишува Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот