Спасовски: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници

Носиме голема одлука на 15 јули, да продолжиме во сигурна иднина за нас, нашите деца и за идните генерации. Ние сме на потег, порача носителот на листа во ИЕ 2, од коалицијата предводена од СДСМ Оливер Спасовски на средбите во Куманово.
-СДСМ три години во континуитет покажува што значи вистинска грижа за сите граѓани подеднакво.  ВМРО-ДПМНЕ во континуитет покажува грижа само за Груевски и неговите криминални соработници”, додаде Спасовски.
Тој потсети дека Куманово 11 години било казнувано од режимската ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи таму граѓаните секогаш за прогресивни идеи, наместо режим, поради што, градот не добил ни денар од централната власт.
-На 15 јули граѓаните на Куманово повторно ќе гласаат за фер општество наместо за обнова на криминалот и режимот, а тоа ќе се случи и низ целата држава. Граѓаните знаат дека СДСМ се грижи за сите, ќе ја отфрлат опасноста од обновен режим и ќе гласаат за сигурност, рече Спасовски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот