Спасовски: Сега е херојски да се остане дома

Со олеснување ги примив резултатите со кои се потврдува дека лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски имаат негативни резултати на тестовите за КОВИД-19, напиша премиерот Оливер Спасовски.

-Им посакувам и периодот на самоизолација да го поминат во добро здравје. На новинарот Гоце Михајлоски му посакувам успешно справување во битката со вирусот и многу бргу да им се врати на своите професионални задачи, меѓу кои е и нашата заедничка битка против заканите од коронавирусот.

Сега е херојски да се остане дома, напиша премиерот,. и да се почитуваат препораките за претпазливост.

-Сите сме еднакви изложени пред опасноста и тоа треба да не обедини за да го запреме ширењето на вирусот зашто оваа битка ќе ја добиеме само заедно- напиша Спасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот