Спасовски: Најважно е да ги почитуваме мерките за да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата

Ги повикувам граѓаните на Куманово, како и во другите градови на земјата, да прифатат дека сега е најважно да ги почитуваме мерките. Бидете уверени дека ако го правиме тоа, со секој нов ден се приближуваме поблиску до целта што си ја поставивме – да го запреме ширењето на вирусот и да го сочуваме здравјето на секој поединец и на заедницата, напиша на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.

Тој нагласува дека се преземаат сите мерки и дека за само 10 дена, од 20 март до 1 април, преку мерките и иницијативите на Владата, во Општата болница во Куманово, во Центарот за јавно здравје во овој град се доставени 2.450 маски, 22.000 ракавици, 300 мантили, 60 скафандери, 1.000 калјачи и 20 заштитни очила и одреден број заштитни визири.

– За зајакнување на капацитетите на лекарскиот и другиот медицински персонал во Општата болница во Куманово се упатени по еден лекар од Штип и Скопје, кои практично ја водат работата на инфективното одделение во кумановската болница. Донесена e одлука за зголемување на персоналот и лекарите кои работат надвор од Куманово да се вратат на работа во Општа болница Куманово, напиша Спасовски.

Прочитајте и...  Обвинувањата на НСП за висината на сумата за ремените е неточна информација, тврди Чулев

На иницијатива на Министерството за здравство, како што истакнува премиерот, спроведени се обуки на медицинските техничари во Куманово по препораките на СЗО за постапување со пациенти заболени од Ковид-19. Службата за итна медицинска помош во Куманово доби возило кое е опремено и ставено во употреба за во ситуација кога тоа на градот му е најмногу потребно.

– Овие интервенции за засилување на стручните ресурси во здравствените капацитети во Куманово се континуитет на постојаната поддршка и вложувања во оваа насока од 2017 година. Во јули минатата година е пуштен во употреба новоизградениот Ургентен центар во рамките на Општата Болница во Куманово, а оваа година во јануари се отвори дисперзираната логопедска амбуланта во Здравствениот дом во Куманово. Лекарите и сите останати здравствени работници во ниту еден момент на отстапија. Да го следиме нивниот пример, да им ја дадеме нашата поддршка. Тешко е. Никогаш до сега не сме се соочиле со оваа социјална и физичка изолација, но со секој нов ден стануваме и посилни и заштитени. Сега е моментот кога треба уште повеќе да се поврземе во заедничката битка против заканата од вирусот. Да направиме сите заедно побргу да дојде денот кога сето ова ќе го оставиме зад нас, напиша премиерот Оливер Спасовски на својот Фејсбук профил.

Прочитајте и...  Филипче: Најверојатно нема да се бараат тестови при патување во соседните земји

Прочитај повеќе

Италија: Разбиена мафијашка мрежа, со измами пренасочувале пари од еврофондови

Слободен печат

ЕК: Разумно е да се размислува за избори, не може вечно да има техничка влада

МИА Агенција

Дескоска: Ако не се продолжи вонредната состојба, изборите се на 21 јуни, тоа го предвидува и Уставот и уредбата

Слободен печат

Трамп со декрет ќе ја ограничи заштитата од одговорност на социјалните мрежи

Слободен печат

Американски воени авиони утре ќе летаат долж реката Вардар за да го поздрават нашето членство во НАТО

Слободен печат

Истражување на EY: Франција водечка европска дестинација за нови странски инвестиции

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Тачи како доказ за бизнисот со дрога на „Курти и неговата група” го даде ова ВИДЕО

МИА Агенција

Шекеринска: Армијата беспрекорно ги извршува задачите во справувањето со пандемијата, затоа е НАТО Армија

Слободен печат

Си-Ен-Ен: Разорен биланс од пандемијата во САД

Слободен печат

Советот за безбедност в сабота ќе одлучува за вонредната состојба

Слободен печат

Реструктурирања во „Нисан мотор“, се затвора фабриката во Барселона

Слободен печат

Над 130 лица во Штип ставени во изолација по контактите со заразените текстилни работнички

Слободен печат