СПАСОВСКИ ИСПРАТИ ПОРАКА ОД НЕГОТИНО: Никој нема да биде амнестиран

Потпретседателот на владејачката партија СДСМ, Оливер Спасовски, од граѓанската трибина на која учествуваше во Неготино порача дека оваа власт „нема да дозволи амнестии за да спасува криминалци“.

– Затоа ние од СДСМ и коалицијата поднесовме до Собранието барање за автентично толкување на член од Законот со коешто ќе обезбедиме да нема амнестија, никој да не може да биде амнестиран. Од тука, од Неготино, ги повикувам сите пратеници од македонското Собрание, без разлика на која политичка опција или партија припаѓаат, посебно оние кои сметаат дека се чесни од ВМРО-ДПМНЕ, да ги поддржат колегите од СДСМ и да покажат дека се борат за правда и правичност. Дека ќе ги напуштат Груевски, Мицкоски, Јанкуловска, Мијалов и криминалите, рече Спасовски. Потпретседателот на СДСМ упати порака и до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да остане стожер на заштитата на уставноста и законитоста – порача Спасовски.

Спасовски потоа упати и порака до претседателот на Уставниот суд, повикувајќи го да си остане на висината на задачата.

– Сакам да упатам порака и до претседателот на Уставниот суд. Заради тоа што Уставниот суд треба да биде стожер на заштитата на уставноста и на законитоста, да остане на висината на задачата којашто ја има дадена од страна на граѓаните. Да остане стожер на уставноста и да не дозволи никаков притисок  за ништо. Најголемата слава ја даваат граѓаните а тоа значи да обезбедиме правда и сигурност – порача Спасовски од Неготино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот