Спасиќ шести во спустот на диви води

Со натпреварите од Европскиот куп во спуст на диви води беше отворено 51. издание на ИКАС. Најдобропласиран македонски кајакар во Европскиот куп во спуст беше Љубомир Спасиќ кој беше шестопласиран во дисциплината К1, а на осмото место се пласираше Александар Златаров.

Најдобар во К1 беше Сретен Биљаќ од Србија, додека на второото место се најде Сушан Мачкиќ од БиХ.

Во дисцлиплината Ц1 победата ја однесе Лука Обадиќ од Хрватска, како втор заврши неговиот сонародник Јадран Зоњиќ, а последното место на победничкиот подиум го обезбеди Србинот Павле Здравковиќ.
Денеска на програмата се трките на традиционалниот ИКАС Илинденскиот кајак слалом на кој ќе учествуваат 64 кајакари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот