Совршен летен ручек: Британска пита со тиквички

пита со тиквички
Фото: Profimedia

Можеби ви изгледа како предизвик, но верувајте дека оваа вкусна пита со тиквички ќе го израдува целото ваше семејство. Британската пита со тиквички е вистинска експлозија на вкусови!

Состојки:

 

За тестото:

  • 500 гр брашно
  • 30 мл масло
  • половина ќесичка прашок за печиво
  • лажичка сол
  • 200 мл вода

За филот:

  • 4 тиквички
  • 1 парче бело месо
  • 300 гр младо сирење
  • 200 гр павлака
  • 100 гр неутрална павлака
  • 50 мл млеко
  • 4 јајца
  • 4 лажици гриз
  • 70 гр пармезан
  • 100 гр сирење
  • 2 лажички масло
  • лажичка сол
  • прстофат бибер

Подготовка:

Измесете мазно тесто од брашното, маслото, прашокот за печиво, солта и водата. Формирајте валјак и одделете една третина од тестото. Обликувајте го во топка и оставете го во фрижидер половина час. Исечете ги тиквичките на многу тенки кругови, посолете ги и ставете ги во цедалка да истече водата што ја пуштаат. Измешајте ги сирењето, кашкавалот, киселата и неутралната павлака и млекото. Мешајте додавајќи едно по едно јајце, гриз и пармезан. Додајте сол по вкус и бибер и на крај додајте ги тиквичките и белото месо што сте ги исцепкале во конци. Тестото развлечете го во круг и со сукало пренесете го во подмачкан калап. Истурете ја подготвената маса во калапот и печете околу еден час на 170 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот