Советот на Општина Велес со нов претседател: Кирил Гајдов го наследи Ненад Коциќ кој стана пратеник

Членовите на Советот на Општина Велес, на вчерашната 61 седница со мнозинство гласови, го избраа 47 годишниот Ќирил Гајдов за нов претседател кој доаѓа на местото на новиот пратеник Ненад Коциќ.

Гајдов е дипломиран правник и претседател на Општинската организација на НСДП во Велес која е во коалицијата на СДСМ. Тој е сопственик на приватна фирма, веледрогерија со 22 вработени. Зад себе има веќе еден мандат во Советот, а овој избор за претседател е во неговиот втор мандат во Советот на Општина Велес.

По изборот потенцира дека како претседател на Советот на Општина Велес ќе работи на подобрување на условите за сите граѓани во Општина Велес.

– Ќе се залагам за подобри услови и подобар живот, за спроведување на платформите и програмите и ќе работам тимски. Ќе соработувам со сите и нема никакви предрасуди кон никого. Родово сум сензитивен и признавам права на деца, на жени, на инвалиди и на лица со посебни потреби. Секој има право на живот, потенцира Гајдов.

За Општина Велес вели дека како претседател на Советот приоритет ќе му биде дореализација на Програмите што се донесени за оваа година. Воедно потенцира дека би сакал во следниот буџет кој ќе го донесе Советот за 2021 година да бидат што повеќе ставки за подобрување на условите за спорт, за култура и да заживее повторно театарот, а на музички план Велес да си го врати својот поранешниот сјај како што бил низ годините наназад.

– Како роден велешанец посакувам сè најдобро за мојот Велес кој неизмерно го сакам, затоа и тука живеам и создавам и тука е моето семејство пријателите и моите сограѓани. Затоа сакам и ќе направам се најдобро за мојот и нашиот  за Велес, за да му го вратам некогашниот сјај и живот, потенцира Гајдов.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот