Совет на Европа: Мисата во Сараево може да прерасне во величење на усташкиот режим

Фото: МИА

Жестоки осуди во БиХ, соседните земји и меѓународната заедница предизвика мисата што в сабота треба да ја одржи надбискупот Винко Пуљиќ во Сараевската катедрала. 

Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска нагласи дека мисата во Сараево за жртвите на Блајбург на крајот на Втората светска војна може да се претвори во глорификација на усташкиот режим, одговорен за смртта на стотици илјади луѓе.

Мисата планирана во Сараево на 16 мај со намера комеморирање војници и цивили кои загинале во Блејбург на крајот на Втората светска војна, ризикува да ги слави сите оние кои го поддржуваа режимот на усташите кој соработуваше со нацистите и беше одговорен за смртта на стотици илјади, наведува во соопштение Мијатовиќ.

Таа додава дека таквата комеморација ќе биде дополнителен напад врз жртвите на режимот, ќе  удира по идеалите и принципите на антифашизмот врз кој се градеа европските земји по Втората светска војна и ќе направи сериозен удар за напорите за помирување во регионот.

Политичките и верските водачи во регионот треба да работат заедно за да ја обноват довербата меѓу народот и да се воздржат од преземање чекори што предизвикуваат поделби и нетолеранција, се вели во изјавата на Мијатовиќ.

Жестоки осуди во БиХ, соседните земји и меѓународната заедница предизвика мисата што в сабота треба да ја одржи надбискупот Винко Пуљиќ во Сараевската катедрала.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот