Совет на амбасадори: За надминување на кризата потребно единство на граѓаните и сите општествени чинители

Совет на амбасадори фото архива на Слободен печат

Советот на амбасадори со големо внимание и натаму ги следи состојбите во нашата земја на внатрешен и надворешен план.

Развојот и брзото проширување на пандемијата предизвикана со kорона вирусот во речиси сите земји на светот последниве денови  се одрази  во поагресивна форма и кај нас предизвикувајќи реално и здравствена криза.

Советот и во оваа прилика нагласува дека надлежните државни инстигтуции сеуште немаат јасна визија во борбата против Ковид-19 и смета дека најголемиот товар и понатаму падна врз здравствените работници кои се истакнуваат со нивното професионално соочување и на кои Советот им дава посебна почит, додека од друга страна сеуште постои доза на потценување на проблемот од страна на граѓаните и верските институции.

Статистичките податоци кои се и натаму загрижувачки од повеќе аспекти, укажуваат на потреба за единство во оваа компликувана ситуација и мудро однесување на сите граѓани, верските лидери а особено на политичките фактори кои се во партиските структури кои пак се подготвуват за веќе закажаните предвремни избори за идниот месец на 15 јули.

Советот на амбасадори укажува дека претстојните парламентарни избори чија предизборна кампања веќе започна за кои мора да постои јасен и неутрален мониторинг, ќе треба да се одржат во слободна и фер атмосфеа со почит и спроведување на задолжителните здравствени протоколи.

На тој начин, во европски дух ќе покажеме дека зачекоруваме во демократски амбиент. Ова е неопходно за до крајот на оваа година после формирањето на нов парламент и влада да манифестираме единствен настап кон ЕУ во очекување на старт на преговори ослободени од национализам и тесно партиски калкулации а со вистинско расчистување на бројни проблеми во правосудниот систем заради чие недоволно ангажирање и поврзување со државни структури опстоија криминалот , корупцијата како голема кочница за развивање на економскиот систем без кој нема никаков напредок и државата нема иднина.

Со ваков однос Советот е во очекување на позитвни вести за датумот односно преговарачката рамка и како пакетот за проширување наше е да работиме и да покажеме дека навистина припаѓаме кон Евроатлантските интегративни процеси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот