Совет на амбасадори: Прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион

Фото: МИА

Советот на амбасадори со внимание ги следи првичните реакции, согледувања, размислувања и коментари за генезата на НОН ПЕЈПР-от којшто заговара промена на границите на Балканот. Тој, по сѐ изгледа сепак потекнува од пријателска Словенија и нејзиниот премиер, кои се исправени пред мајското преземање на претседателството со Европската Унија. Факт е дека се ставени на хартија клучни тези во вид на крајно опасна идеја, за којашто, како во позната филмска рашомонијада следеа разни спротивставени изјави.

Советот со големо изненадување и загриженост посочува кон фактот дека дел од балканските земји, сега полноправни членки на НАТО и кандидати за членство во ЕУ се наоѓаат на хартија, што проектира состојби кои не смеат и не можат да бидат решавани и решени во изолирани европски кругови и/или нечии кабинети. Оттаму, Советот високо ја цени брзата реакција на Стејт департментот, што потсетува на клучните договори, кои се веќе постигнати заради мир и соработка во Балканскиот регион и коишто треба да се спроведуваат во реалноста.

Советот стои цврсто на ставот дека етноцентризмот, националзмот и прекројувањето на границите би довело до ново крвопролевање со несогледливи последици кон целиот регион на ЈИЕ.

Советот на амбасадори предупредува дека НОН ПЕЈПР-от претставува опасна игра, којашто може да прерасне во „катастрофална лавина, што настанала од мала топка снег”, се вели во соопштението на извршниот одбор на Совет на амбасадори.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот