Состојба во болниците и ковид-центрите во Македонија: Хоспитализирани 636 позитивни и суспектни пациенти на ковид-19

Клинички компплекс „Мајка Тереза“ Скопје / EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

На инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава се хоспитализирани вкупно 636 позитивни и суспектни пациенти на коронавирусот и има околу 400 слободни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство (МЗ).

Во Скопје се хоспитализирани 35 нови пациенти поради компликации од ковид-19, а на инфективните клиники вкупно се лекуваат 261 лицеГолем дел од пациентите добиваат кислородна поддршка.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало десет приеми. Во ковид-центарот во ГОБ „8 септември“ имало седум нови приеми на пациенти и шест на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 15 пациенти.

Во изминатите 24 часа, дома се пуштени 19 оздравени пациенти. Во моментот во ковид центарот на Клиника за кожни болести се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија има 15 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 22 пациенти со симптоми на коронавирусот, истакнуваат од МЗ

Во ГОБ „8 септември“ има вкупно 75 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 91 пациент, додека во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 27 пациенти. На ГАК има една пациентка која е позитивна на ковид-19 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот