Состојба со коронавирусот во светот до 19 часот

Фото: МИА

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.245.741 лицa заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 67.930, а оздравеле 256.760 луѓе.

– Во Италија се потврдени нови 4.316 заразени случаи со коронавирус и уште 525 починати во изминатите 24 часа. Вкупно во земјата се заразени речиси 130.000, а починале 15.887.

– Словенечкиот премиер Јанез јанша оцени дека за две до три недели неговата Влада би можела да почне да укинува некои рестриктивни мерки воведени поради епидемијата на Ковид-19.

– Некои јужнокорејски цркви почнале да нудат драјв-ин верски служби, а други ги пренесуваат мисите преку интернет, со цел да ги избегнат строгите мерки за спречување на новиот коронавирус.

– Во Африка поради пандемијата на Ковид-19 се загрозени околу 20 милиони работни места.

– Во американската држава Њујорк досега се регистрирани 122.031 случај на зараза со коронавирус. Во последните 24 часа во таа држава починале 594 лица, а хоспитализирани се 575 пациенти.

– Шефот на американската воена здравствена служба Џером Адамс изјави дека следната недела ќе биде „најтешка и најтажна” за „животите на повеќето Американци”, споредувајќи го претстојниот мрачен период на пандемијата на новиот коронавирус во САД со „Перл Харбор” и терористичките напади на 11 септември 2001 година.

– Во Шведска во последното деноноќие од новиот коронавирус починале 28 луѓе.

– Иранскиот претседател Хасан Рохани најави дека во следните денови ќе ги ублажи некои мерки воведени во борбата против ширењето на Ковид-19.

– Папата Франциск служеше миса по повод празникот Цветници во базиликата „Свети Петар” во вонредни околности поради новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот