Сопствениците на ресторани за свадби повторно на протест: Бараат дозвола за свечен ручек

Скопје, 24 февруари 2021 / Фото: Драган митрески - Слободен Печат.

Сопственикот на Рагуза Перица Голомеиќ денеска во името на сопствениците на ресторани за свадби повторно побара да се овозможи работа на рестораните. Пред една недела тие доставија и протокол за работа, но се уште нема никаков одговор.

– Протоколот е ист по кој работат сите останати ресторани и кафе барови. Сметаме дека Комисијата за заразни болести треба да донесе издржан здравствен протокол за нашата дејност, а надлежните институции ќе се погрижат истиот да се спроведе во пракса. Надлежните треба да ги и тересира здравствениот аспект и воопшто не е важно дали гостите се случајно дојдени во ресторанот или некој ги поканил на организиран настан. Свесни сме за епидемиолошката состојба во моментов и затоа не бараме во прва фаза да правиме традиционална свадба, туку свечен ручек согласно постоечките протоколи, рече Голомеиќ.

Прашан дали смета дека е претерано нивното барање сега кога повторно во земјава се воведува полициски час, тој одговори дека не бараат нешто што веќе го нема.

– Ние знаеме за примери дека и сега се организираат прослави во а ла кард рестораните. Зошто да не се организираат и во рестораните за свадби, нагласи Голомеиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот