Сопругата на Пендаровски ќе биде во избирачки одбор за гласање на заразени од коронавирусот

Сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска ќе биде во избирачки одбор за гласање на лицата заразени од коронавирусот и граѓани кои се во самоизолација, пишува Сакамдакажам.мк. Ѓорѓиевска е избрана по случаен избор како медицинско лице, кое треба да биде дел од избирачките одбори.

На изборите поради пандемијата на Ковид-19, болните ќе гласаат два дена. Во понеделник ќе се спроведе гласање за лица позитивни на коронавирус и оние кои се во изолација, додека во вторник ќе гласаат болни и изнемоштени лица.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за Сакамдакажам.мк потврдиле дека Ѓорѓиевска ќе биде член на избирачкиот одбор во Општина Гази Газа, кој ќе оди во домовите на позитивни лица на коронавирус кои се пријавиле да гласаат на изборите во оваа скопска општина.

„Сопругата на Претседтелот беше избрана по случаен избор и веднаш без размислување ја прифати задачата да биде дел од избирачките одбори, за да може лицата со КОВИД-19 да го остварат нивното граѓанско право на глас“, велат од Кабинетот на претседателот Пендаровски за Сакамдакажам.мк.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот