Сончево и топло со температура до 33 степени

Фото: Профимедиа

Времето ќе биде сончево и топло. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер од западен и југозападен, а вдолж Повардарието од југоисточен правец, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 31 степен.

Во следните денови ќе преовладува значително топло време. Во понеделник и вторник сончево и стабилно со мала до умерена локална облачност. Од среда во попладневните часови ќе се зголемуваат условите за појава на локална нестабилност со пороен дожд и грмежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот