Солена торта со модар патлиџан и фета сирење: Толку вкусно нешто не сте пробале!

солена торта
Фото: Принтскрин/Јутјуб

Дека и солените торти можат да бидат вкусни, докажува и оваа торта со модар патлиџан и фета која е совршен избор за топлите денови или едноставно кога немате идеја што да направите за ручек. Друг плус е тоа што масата ќе ви изгледа навистина декоративно.

Оваа едноставна торта се прави лесно, доколку ви остане можете да ја замрзнете, што ја прави совршен избор доколку сакате да импресионирате со вашите кулинарски вештини.

Потребни состојки:

– 2 модри патлиџани
– 100 мл маслиново масло
– 1 пакување готово лиснато тесто
– 1 јајце
– 4 супени лажици паста од домати или доматно пире
– 2 чешниња лук
– 1 лажичка сушен босилек
– 100 г фета
– сол и црн пипер
– грст свежи листови босилек

За салатата:

– 5 чешниња лук
– 150 мл маслиново масло
– 50 мл балсамико оцет
– 1 лажица мајонез
– грст рукола или друга салата
– 1 помал црвен кромид, ситно сецкан
– 50 г ореви или бадеми

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Парчињата модар патлиџан премачкајте ги со маслиново масло и зачинете по вкус од двете страни па ставете ги да се печат во тавче додека не омекнат и заруменат. Расукајте го тестото и ставете го на голем плех. Со мал нож засечете ги краевите на тестото и избоцкајте ја основата за да не надуе при печење. Рабовите премачкајте го со изматено јајце. Измешајте ја пастата од домати, лукот и босилекот во помал сад и ставете во средина (избегнувајте ги рабовите). Одозгора ставете ги парчињата модар патлиџан. Издробете ја фетата и наросете врз модриот патлиџан. Печете 25-30 минути или додека страните не набабрат и тестото не се испече. Оставете да отстои 10 минути. Во меѓувреме направете салата. Во тава запржете го лукот. Оставете го малку да се олади, исечкајте го што поситно или изгмечете го. Во тегла со капак ставете лук, масло, оцет, мајонез и прстофат сол и протресете додека не се соедини. Во поголем сад ставете ја салатата, црвениот кромид и оревите и прелијте ги со преливот. За сервирање, исечете ја тортата на четири до шест парчиња и послужете ја со салата. Декорирајте со свеж босилек и малку маслиново масло.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот